Како министер, би сакал уште еднаш да ја истакнам мојата подготвеност за зајакнување на билатералната соработка во областа на одбраната, бидејќи и Република Бугарија и Република Северна Македонија споделуваат заеднички вредности, делат заедничка судбина, споделуваат заедничка историја, но делат и заедничка иднина. Верувам дека оваа иднина ќе биде иднина на просперитет и безбедност за двете страни, изјавил бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков, кој во Софија се сретна со колешката од Македонија, Славјанка Петровска.
Министерот за одбрана рекол дека средбата е исклучителен знак дека како членки на НАТО, Бугарија и РСМ имаат многу важна улога во регионот за одржување на стабилноста и безбедноста.
На прес-конференција Петровска и Заков соопштиле дека постигнале договор за три точки:
– Воените медицински лица од РСМ да се обучуваат на Воено-медицинската академија во Софија и на поморската школа во Варна;
-Бугарската војска може да учествува на вежби на „Криволак“
– Заедничко разбирање дека стабилноста на Западен Балкан е сè поважна во контекст на војната во Украина.
-Пред нас и идните генерации имаме многу важна задача – никогаш повеќе Балканот, а особено Западниот Балкан, да не се споменува како баре барут на Европа. Одговорност на двете страни е да се погрижат тоа да продолжи да биде случај и во иднина – Балканот никогаш да не биде извор на тензии и воени конфликти во Европа, изјавил Заков по средбата со Петровска, додавајќи дека Бугарија е доследна на поддршката за евроатлантските интеграции на Македонија.