ДЗС: Просечната нето-плата 31.080 денари

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2022 година, во однос на март 2021 година, изнесува 110.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.4 %), Уметност, забава и рекреација (20.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.9 %), Рударство и вадење на камен (13.5 %) и Преработувачка индустрија (7.1 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2022 година, изнесува 31 080 денари.

Слични содржини