Рудигер официјално се прости од навивачите и објасни зошто си заминува од Челси

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Антонио Рудигер потврди дека заминува од Челси по завршувањето на сезоната.

Германецот тоа го направи во емотивното проштално писмо до лондончани. На централниот дефанзивец му истекува договорот, а тој веќе среди се околу неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Според Фабрицио Романо, Рудигер веќе парафирал четиригодишен договор со „белите“, а пред неколку дена ги поминал и лекарските прегледи.

„Не сакам да се збогувам, но ќе се обидам да го направам тоа на посебен начин, од срце.

Трофеите што ги освоив овде се секако задоволство, но вистината е дека она што го прави Челси толку посебно место е пријателството. Бевме повеќе од соиграчи. Многу од овие момчиња – Н’Голо, Кова, Зиеш, Лукаку – ми се како браќа. Ова е толку ретко во фудбалот.

Чувствувам тежина во срцето што го напуштам овој клуб. Тој ми значеше се. За жал, преговорите за мојот договор стануваа сè потешки од минатата есен. Бизнисот е бизнис, но кога нема да слушнете вести од клубот од август до јануари, се комплицираат работите. Имаше многу долга пауза по првата понуда. Ние не сме роботи, знаете. Не можете да чекате толку месеци без никаква сигурност за вашата иднина. Да, никој не ги очекуваше санкциите, но на крајот дојдоа други големи клубови и покажаа интерес. Морав да донесам одлука.

Ќе оставам на тоа, бидејќи ако го оставиме бизнисот на страна, нема да кажам ништо лошо за овој клуб. Челси секогаш ќе биде во моето срце, а Лондон секогаш ќе биде мојот дом. Дојдов овде сам, а сега имам сопруга и две прекрасни деца. Имам и нов брат Кова. Имам медали од ФА Купот, Лигата на Европа и Лигата на шампионите. И, секако, стотици спомени кои секогаш ќе бидат со мене“, стои во мал дел од опширното писмо на Рудигер, во кое тој многу зборува за скромноста на Канте, неговата благодарност до Томас Тухел и финалето од Лигата на шампионите.

Слични содржини