331
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе свика итен состанок поради зголемувањето на бројот на заболени од мајмунски сипаници, пренесува британскиот весник The Independent.
Британскиот министер за здравство Саид Џавид изјави дека Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска потврдила уште 11 случаи на мајмунски сипаници во Велика Британија, а повеќето од пациентите имаат благи симптоми, пишува британскиот весник.
Се верува дека главни теми на состанокот на СЗО ќе бидат начинот на ширење на мајмунските сипаници, невообичаено високата зараза кај хомосексуалците и бисексуалците и ситуацијата со вакцинацијата.