Османи: Ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес

од Берта Китинска
161 прегледи

Особено ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес преку одржување на првите меѓувладини седници со Северна Македонија и Албанија, уште за време на француското претседателство со Советот на ЕУ, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи од Торино.

-Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е геостратешка инвестиција за стабилност и просперитет за земјите од Западниот Балкан, но и за Европа, особено во актуелниот геополитички контекст, напиша Османи.

Османи оставрил средба со висока делегација од француското МНР составена од заменик директор на Директорат за ЕУ во МЕНР на Франција Сирил Дикемал, Леонор Гим, советничка во Директорат за ЕУ, Силвен Гиоге, заменик директор на Директорат за Континентална Европа и Никола Фај, шеф на мисијата за Западен Балкан во Директорат за Континентална Европа.