Вимблдон жестоко одговори на казната: Одбиваме да бидеме дел од руската пропаганда

од Nikola Popovski
292 прегледи

Набргу по објавувањето на одлуката на АТП да не се доделуваат бодови на Вимблдон, се огласи и управата на „неофицијалното светско првенство“ за тенисери.

Во официјалното соопштение, управата на Вимблдон соопшти дека нема да се откаже од одлуката тенисерите од Русија и Белорусија да не учествуваат на овој турнир:

„Прифаќаме дека нашите мислења се различни кога станува збор за одлуката да не им дозволиме на играчите од Русија и Белорусија да учествуваат на турнирот и длабоко жалиме за сите поединци кои беа погодени од ова.

Сепак, земајќи ја предвид одлуката на британската влада да го ограничи глобалното влијание на Русија, остануваме на ставот дека ја донесовме единствената правилна одлука за Вомблдон како глобално признат спортски настан и британска институција и ќе се држиме до неа.

Не бевме подготвени на кој било начин да ја доведеме во прашање личната безбедност на играчите, како и нивните семејства. Сметаме дека барањето поединечни декларации – што би требало да го направат сите водечки играчи – како услов за влез во земјата во овој момент би носел голем ризик со себе.

Ние, исто така, одбиваме да ја прифатиме можноста дека успехот на Вимблдон ќе се користи за пропаганда на рускиот режим, кој низ историјата веќе ги користел успесите на своите спортисти како наратив на рускиот народ.

Од тие причини го изразуваме нашето разочарување од одлуката да му се одземат бодовите на турнирот. Сметаме дека оваа одлука не е правилна во контекст на околностите на ситуацијата и позицијата во која се најдовме и дека ќе биде штетна за играчите на турнејата.

„Размислуваме за нашите опции, преку разговорите со нашите колеги од другите Грен слем турнири“, се вели во соопштението на Вимблдон.

Слични содржини