Поранешниот шаховски шампион Гари Каспаров и поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, кои сега живеат во егзил како противници на рускиот претседател, во петокот беа прогласени за „странски агенти“, соопшти руското Министерство за правда.
Оваа навредлива етикета, слична на „непријателот на народот“ од советската ера, се користи во денешна Русија за оцрнување на противниците, новинарите и активистите за човекови права кои Кремљ ги обвинува дека се занимаваат со активности финансирани од странство.
„Странските агенти“ беа изложени на бројни притисоци, долги судења, санкции и затворски казни. Тие се должни да го наведат својот статус во сите публикации.
Во ажурираниот список објавен на својата веб-страница, руското Министерство за правда потврди дека Михаил Ходорковски (58) и Гари Каспараов (59) имаат „извори“ во Украина за финансирање на нивните активности.