Ковачки: СДСМ да каже дали знаеле и дали учествувале во средбите на Џафери со лица кои се ризик за безбедноста

од Vladimir Zorba
315 прегледи

„Првиот парламентарец Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност. Постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери. Талат Џафери, но и власта на СДСМ и ДУИ се должни на македонската јавност да и објаснат“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

1. Зошто криеше дека при средбата со делегација имало безбедносно-интересни лица и кога планираше да ја запознае јавноста за овој факт?

2. Што договарал со делегацијата во која бил и поранешниот пратеник на Думата Абдул-Вајед Нијазов, во случајов претставник на Чеченската делегација?

3. Дали пред средбата со безбедносно-интересни лица е направена проценка од страна на надлежните безбедносни служби и доколку е направена, зошто е дозволена таква средба?

4. Дали Талат Џафери после средбата ги известил надлежните безбедносни служби за текот и содржината на разговорите?

5. Од кого потекнала, односно кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?, прашува Ковачки.

Слични содржини