Љубителите на спортот ширум Балканот во шок ги следеа настаните на хрватскиот автопат кај Загреб, кога дојде до конфликт меѓу припадниците на полицијата и навивачите на Хајдук од Сплит, а набргу потоа беше објавено и првото видео од местото на настанот.
На страницата „Dnevnik nervoznog Hajdukovca od rođenja“ на Фејсбук, посветена на симпатизерите на тимот од Пољуд, објавено е видео на кое се гледа како полицаец удира со палка еден од навивачите на Хајдук, па го турка во автомобил, за да на крајот го шутка.
Потсетуваме, конфликтот меѓу навивачите на Хајдук и полицијата настана кога припадниците на Торцида се враќаа од натпреварот против Динамо (3:1), во кој навивачите на сплитскиот тим не успеаја ниту да влезат бидејќи не им беше дозволено да внесат навивачки симболи, знамиња и банери.