ССМ не гледа пари за зголемување на платите во ребалансот, бараат итна средба со Владата

од Nikola Popovski
245 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во ребалансот на буџетот не ги гледа парите за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, линеарно, по 2.086 денари.

-За жал се покажува дека тоа било само купување на време и играње со судбината на 130 илјади работници во државата во време кога економската,енергетската криза и инфацијата ги јадат работничките плати. Бараме итна средба со Владата, на која ќе биде потврдено тоа што начелно беше договарано и истото да се реализира веднаш, велат од ССМ преку соопштение.

Според нив, „ако не биде постигнат договор за 2806 денари сега, од септември истото ќе изнесува 18,4 проценти односно онолку за колку што се зголеми минималната плата согласно Закон, каде што рокот од 6 месеци мора да се испочитува“.

-Владата јасно се согласи дека во рок од 6 месеци ќе се усогласат останатите плати и од тоа назад нема, се подвлекува во соопштението од ССМ.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера на прес-конференција информираше дека со ребалансот на Буџетот се предвидени нови, дополнителни 76 милиони евра во случај да се потребни нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка за фирмите, дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, покачување на пензиите и платите на наставниците, како и субвенции за покачување на минималната плата.

Слични содржини