Санкции за 194 пребрзи возачи

од Nikola Popovski
253 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) Министерството за внатрешни работи спровело засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 194 возачи.

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час.

Притоа, 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.