Јунајтед со 6 последователни порази како гостин првпат по над 40 години

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Манчестер Јунајтед заврши на шестото место во финалето на Премиер лигата, а следната сезона ќе игра во Лига Европа.

Во последното коло „црвените ѓаволи“ загубија со 0-1 од Кристал Палас во Лондон и со тоа забележаа порази во последните 6 натпревари како гостин во Премиер лигата оваа сезона. Ова не му се случило на Манчестер Јунајтед од 1981 година.

Покрај тоа, англиските гиганти имаат постигнато вкупно само 2 гола на 6-те гостувања за кои станува збор.

Последните шест гостувања на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата: 1:4 против Манчестер Сити; 0:1 против Евертон; 0:4 против Ливерпул; 1:3 против Арсенал; 0:4 против Брајтон; 0:1 против Кристал Палас.

Слични содржини