Песков: Крајно неизвесна испораката на гас во Полска

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека хистеричниот став на полските власти се граничи со лудило, поради што тврди дека ситуацијата со извозот на гас е тешко да се предвиди.

Претходно денеска полските власти одлучија да го деактивираат меѓувладиниот договор од 1993 година за испорака на руски гас во Полска.

„Можеме јасно да го видиме избезумениот однос на полските власти. Тој став е на работ на лудило. Во тој поглед, тешко е да се предвиди нешто разумно“, рече Песков на прашањето на новинарот на ТАСС дали соработката меѓу Москва и Варшава може да да се обнови.

Слични содржини