Огромна е честа и задоволството да ја предводам владината делегација денеска во Ватикан, напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.
-На аудиенцијата кај Светиот отец Франциск, ја изразив благодарноста за неговата посета на нашата земја во 2019 година. Разговаравме за повеќе теми од заеднички интерес меѓу кои и за одличните дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Ватикан. Се согласивме дека oваа плодна соработка со Ватикан ќе продолжиме да ја продлабочуваме и понатаму, напиша премиерот.