Премиерот Димитар Ковачевски го опиша денешниот ден како голем и историски кога се зборува за црковните теми.
-Историска одлука е кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет, вели премиерот во видео-обраќање.
-Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност, додава Ковачевски.
Според него, оваа со векови очекувана вест ќе биде предложена пред Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни цркви.
Патријархот Порфириј информира денеска дека Соборот на СПЦ едногласно донел одлука за благослов на барањето на Македонската православна црква – Охридската архиепископија за автокефалност.