Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија информира дека мајмунските сипаници всушност се само „мајмунски“ обид за повторен страв кај населението.
Тој наведува четири факти за новиот вирус.
-1. Сите случаи се регистрирани кај мажи меѓу 20-40 години. 2. Скоро сите не се вакцинирани за морбили и сите не се вакцинирани против Вариола Вера. 3. Сите пациенти се хомосексуалци и бисексуалци. 4. Во Македонија како и во целата ex Yu сите родени пред 1972 година се вакцинирани против Вариола Вера, а голем дел од помладите против морбили. Слободно планирајте си ги летните одмори, ЗАСЛУЖИВМЕ, по две непреспиени години, порачува д-р Беќаровски.
Овие сипаници не се новост. Секоја година се пријавуваат неколку илјади случаи, речиси сите во Африка, иако некои новопријавени случаи во Европа немаат позната поврзаност со африканскиот контитент. Како и ковидот, и сипаниците се предизвикани од вирус, но меѓу нив нема блиска врска.
За жал, социјалните мрежи веќе се полни со дезинформации за мајмунските сипаници.