Осумте независни пратеници: Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел за победите кои се случуваат

од Берта Китинска
256 прегледи

Осумте пратеника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од независна пратеничка група која гласаше „за“ Преспанскиот договор и го обезебеди двотретинското мнозинство во Парламентот ја честиташе одлукаta за доделување на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.

Во соопштение до медиумите тие порачуваат дека сите кои гласале „за“ овој договор имаат удел во она што се случува денес.

„Овој сон стана реалност и денешниот празник св. Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет. Сите ние што гласавме за Преспанскиот договор, имаме удел во победите кои се случуваат денес и вредеше секоја жртва. Да се гледа иднината, не е секогаш едноставно“, велат од Независната пратеничка група.

Членовите на групата посакаа да се множат убавите вести за Македонија и велат дека им е задоволство што ставиле делче во мозаикот на македонските победи.