Емили Ратајковски се појави во Кан во проѕирен фустан

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

Емили Ратајковски е позната како жена која не се двоуми да го покаже своето тело, напротив. Многумина ја плукаат затоа што е постојано „гола“, но таа не се откажува од својот секси стил, па му остана верна и кога се појави на црвениот тепих во Кан.

Убавата манекенка на 75. Кански филмски фестивал дојде во долг фустан од црн, но проѕирен материјал, украсен со цветови и гранчиња.

Тесниот фустан ја истакна нејзината витка линија која дополнително ја истакна со ременот под градите, а проѕирниот материјал покажа црни гаќички.

Во оваа прилика Емили покажа и нова фризура – шишки, а нејзината фризерка Џенифер Џепез откри дека тоа е надградба.

 

Слични содржини