Будно се следи состојбата: КЗБ на состанок за состојбата со мајмунските сипаници

од Берта Китинска
228 прегледи

За денес е закажан состанок на Комисијата за заразни болести, а една од точките на расправа ќе биде состојбата со мајмунските сипаници во светот и можноста за евентуално пренесување кај нас и подготвеноста на системот да се справи со евентуална епидемија или пандемија која би се појавила во светот и кај нас.

– Што ќе се дискутира на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе информираме по неговото завршување, за тоа што понатаму планираме да спроведеме како активности во однос на тоа системот да биде што поподготвен за евентуална епидемија која би можела да се случи, кажа за МИА д-р портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Слични содржини