Османи: Сега е идеално време, да се признаат конзистентните напори на С.Македонија и Албанија од страна на ЕУ

од Берта Китинска
154 прегледи

Верувам дека сега е идеално време, да се признаат конзистентните напори на Северна Македонија и Албанија и да се пресретнат со прифаќање од страна на ЕУ, како заеднички ангажман за посигурна и посилна Европа отпорна да се спротивстави на кое било трето влијание, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека и ако ништо не се случи сега, земјава ќе остане посветена на европските реформи, но ќе страда самиот политички моментум, а колебањето и барањето нови иновативни начини како да се задржи „статусот кво“ нема да ги разубеди малигните влијанија, туку токму спротивното и ќе испрати погрешна порака кон останатите држави и граѓани од Западен Балкан.

– Ова не значи дека планираме да го напушиме европскиот пат. Ние сме уверени Европејци, со огромно убедување, со речиси 20 години од постигнувањето на спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ, одлични во спроведувањето и усогласувањето со европското законодавството и ќе продолжиме на тој пат, изјави Османи.