272
Нова модерна конференциска опрема во пленарната сала од утре ќе биде ставена во функција за пратениците во Собрание.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека салата е комплетно обновена, а како што беше и пред пандемијата со КОВИД-19, во салата од утре ќе можат да присуствуваат и медиумите без ограничувања, според претходно воспоставените правила.
– Таа јавна набавка е направена минатата година. Извршени се сите тестирања, сите работи функционираат како што треба и од утре се враќаме во новата сала, рече Џафери, додавајќи дека на пратениците им била овозможена обука за користење на опремата.