217
Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендиас вечерва на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Бујар Османи изјави дека Грција сака да поддржи енергетска независност на земјата преку проекти за терминална станица Александрополи и останати поврзани проекти.
-Има интерес на голема грчка компанија да инвестира во Северна Македонија за инвестиција на станица за произведување на електрична енергија. Инвестицијата е во рангот на 200 милиони евра, информира Дендиас од Скопје.
Министерот додаде двете земји сакаат уште повеќе да ги продлабочат односите.
–Нашите економии се се поблиски и работиме сложено, потенцира Дендиас.