Маричиќ: Притисокот од ЕУ и САД за побрзи преговори е затоа што чекањето не носи добро

од Nikola Popovski
195 прегледи

„Притисокот или желбата на ЕУ и САД и на сите држави што мислат добро на Западен Балкан и Северна Македонија одат на тоа дека нема веќе време за чекање и дека чекањето не може да донесе ништо добро. Чекањето не може да ја подобри ситуацијата и условите за договор“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека во премиерот Кирил Петков имаме добар партнер за разговори и дека има време до крајот на јуни за поточно да се кажат чекорите како понатаму и на кој начин би се одвивале.

„Мислам дека до тогаш треба да се даде шанса на дијалогот и да се исцрпат сите можности до крајот на француското претседателство да се отворат преговорите, но секако заштитувајќи ги нашите интереси и неправејќи договор по секоја цена“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека во ЕУ нема расположение за раздвојување на Северна Македонија и Албанија и укажа на тоа дека Владата е на ставот дека двете земји треба веднаш да ги почнат преговорите, бидејќи заедно и ги поминавме подготовките во 2018 и 2019 година.

Слични содржини