316
Со ребалансот и позајмицата од 900 милиони евра треба да има пари за работникот, без разлика дали е од јавниот или приватниот сектор, вели Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија во „Студио 10“.
– Побаравме покачување во износ од 2.806 денари од хигиеничар до претседателот на државата. Инфлацијата секој ден ги обезвреднува платите.Ако државата има пари за сите да ги субвенционира и да ги помага, треба да има и за работниците, вели Димовски.