Ковачевски не го прекршил протоколот со присуството на неговата ќерка кај Папата

од Берта Китинска
288 прегледи

Беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка и тоа е во согласност со протоколи за посета на Папа, одговори денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Тој посочи дека поведувањето на ќерката Тамара на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан не пречекорување на протоколот.

-Историјата познава многу такви случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди сопружник, сопружничка или друг член на семејство, зависи од изборот на државникот. Со тоа се искажува чест и почит кон домаќинот, а така било и за поранешни претседатели и премиери. Не постои никаква двосмисленост или пречекурување на какви било протоколи, туку уште еден начин да се оддаде почит, додаде премиерот Ковачевски.