Оклахома го доби најстрогиот закон за абортус во САД

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Гувернерот на Оклахома Кевин Стит го потпиша најстрогиот закон за забрана на абортусот, кој им овозможува на граѓаните да ги тужат оние кои им помагаат на жените да ја прекинат бременоста, пренесува N1.

„Им ветив на жителите на Оклахома дека како гувернер ќе го потпишам секој дел од законот што се залага за живот што е на моето биро, па затоа сум горд бидејќи денес можам да го исполнам тоа ветување“, рече Стит, како што пренесуваат медиумите во Оклахома.

Законот, кој го поддржаа републиканците со потписот на Стит, стапува на сила веднаш и дозволува исклучоци од забраната за абортус само кога се работи за медицински причини, силување и инцест.

Законот не забранува употреба на контрацепција или итна контрацепција.

Центарот за репродуктивни права, глобална група со седиште во Њујорк, рече дека ќе ја оспори забраната пред државниот суд.

Слични содржини