„Темата Северна Македонија стана предмет на политичка злоупотреба од секаков вид. За Бугарија има стратешко решение, мора да бараме можни решенија, а не да собираме политички поени“, изјави во „Денот започнува“ на БНТ Кристијан Вигенин, заменик претседател на Народното собрание на Бугарија.
„Наша задача како држава не е да го држиме ветото, да ја сопираме РСМ, туку да ги реализираме нашите цели – правата на Бугарите во Република Северна Македонија, заедничка историја, говор на омраза. Немаме причина да го укинеме ветото на РСМ“, истакна тој.
Според него, двете земји имаат ограничено културно и дипломатско присуство.