Уставен суд: Отфрлена иницијативата на Левица за разрешување на пратеникот Зендели

од Берта Китинска
224 прегледи

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието.

Со оспорената Одлука се врши конкретно разрешување на член на Комисијата и тоа претставува конкретен-поединечен акт, па според уставните судии, таа не е пропис и нема основа за уставно-судска оцена.

Според судијата Насер Ајдари, Уставниот суд не може да се впушти во анализа на постапката за разрешувањето и примената на одредбите од Деловникот на Собранието а со тоа и во оценка на основаноста на наводите истакнати во иницијативите и мериторно да одлучува.

Слични содржини