Нема ништо спорно кај Мицкоски за „криминалните парцели“, велат од „Белиот дворец“

од Nikola Popovski
161 прегледи

Најголемата опозициска партија соопшти дека со новите кривични пријави за случајот „Криминалци парцели“ излезе на површина и виделина дека обвинителство не можело да најде ништо спорно кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, иако велат „постоеле невистини диригирани од центрите под контрола на СДСМ“.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека СДСМ е партија која е осуден за клевета и лажни вести.

-СДСМ според пресудата на Основниот суд треба да му се извини на претседателот Мицкоски за тоа што шири лажни вести и невистини. Доколку имаше и најмал сомнеж, партиските обвинители и инспектори кои работат исклучиво по нарачка на СДС ќе направеа голем скандал од случајот. Наспроти тоа се докажа дека со месеци наназад центрите на СДСМ ја лажеа јавноста за што не е прв пат, исто како што нема да биде прв пат потребата да се извинуваат поради тоа, стои во партиското соопштение.

Според „Белиот дворец“, посоченото лице во случајот никогаш немал работен однос во ВМРО ДПМНЕ, „а се друго преставува фабрикувана и злонамерна лага од СДСМ да се одвлече вниманието од инфлацијата, поскапените производи, сиромаштијата, неуспесите на владата“.

Претходно СДСМ обвини дека блиски соработници на Мицкоски и функционери во партијата добиле кривични пријави за малверзациите со плацеви во делчевско.

-Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра. Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец, истакнаа од СДСМ.