Трајковска: Позицијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е избори на пролет во 2024, сега само трошат време

од Nikola Popovski
302 прегледи

Дали седнале во СДСМ па размислиле. Зошто Мицкоски сега би станал премиер од мандат на кој што не би знаел што да му прави? Една година претседателски избори, па следната локални, па следната парламентарни. Значи три години во избори треба да помине Мицкоски, кој баш сега бара избори. Се што тој прави е да одговори кон својот блок дека сега правиме полека, сега бојкот во Собрание, па митинзи, па ќе измислат нешто друго, го трошат времето. Нивната вистинска позиција за избори е пролет 2024, споени претседателски и парламентарни избори, смета новинарката Оливера Трајковска.

Во однос на целата ситуација околу претседателот на Собранието, Талат Џафери и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Трајковска смета дека тој е дел од ставката дека ова може да има смисла.

-Талат со своето однесување ѝ дава смисла на блокадата и довикувањето. „Абе ти ќе ти викнам полиција“ не е јазик што треба да го слушаме во Парламентот. Меѓусебно се хранат едни со други. Некоректно кон историјата е да се каже дека Џафери е најдобар спикер, посебно од пратеникот Мисовски кој не е од вчера, истакна новинарката во емисијата „Утрински брифинг“.