Ковачевски: Не можеме да се врземе само со еден датум за преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
275 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека во ниту еден момент од кога дошол на функцијата во Владата не се врзал со датум за преговорите со ЕУ.

-Тоа не зависи само од нас поради спорот со Бугарија. Нормално тука е и улогата на ЕУ. Не можеме да се врземе само со еден датум. Предолго време бевме заложници на датуми. Извештаите за С. Македонија се позитивни. Во однос на владата, таа е стабилна со стабилно мнозинство од 64 пратеници. Работиме по програма, има вградено програмски определби на сите партии што учествуваат, рече Ковачевски на одбележувањето на 65 години од пуштањето во употреба на хидро системот Вруток.

Премиерот потенцира дека доколку се погледне усогласувањето на нашето законодавство, како и усогласеноста по различни поглавја за преговори со ЕУ, јасно се забележува дека земји кои што преговараат по десет години, имаат помала усогласеност од С. Македонија.

-Немам информации околу коалицискиот совет во Софија. Доколку има било каков напредок, ќе биде споделено на ниво на двете министерства за внатрешни работи, информира Ковачевски.