Драма во Чаир: Им должел пари, па го киднапирале

од Берта Китинска
266 прегледи

На 26.05.2022 околу 21:45 часот на бул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги лишиле од слобода Х.А.(23) од с.Патишка река, скопско и А.С.(23) од Скопје.

Тие се сомничат дека физички го нападнале Б.З.(35) од Скопје и со употреба на сила го внеле во возило „мерцедес“, по што му упатувале закани, поради наводен долг.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини