За да се постигне нормален политички дијалог треба да имаме условно кажано од двете страни нормални политичари, вели Стефан Богоев од СДСМ во емисијата „Трилинг“ во врска со лидерската средба и заедничката соработка помеѓу двете најголеми партии во земјата.
-За една работа ми е навистина драго, за друга ми е навистина жал, од една страна во мандатите на СДСМ и во минатото и сега се остварени големи успеси за државата како кандидатски статус во ЕУ, влез во НАТО, помирување меѓу Македонци и Албанци, од друга страна за ВМРО-ДПМНЕ се поврзуваат неубави работи од 27 април , сега блокадата.Кризата која дојде од војната сите ја чувствуваат и како се вели во криза „и куче и маче ќе се спојат“, но кај нас опозицијата се реши да блокира и јас не ја гледам логиката во тоа, вели Богоев.