280
Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски денеска информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ идната работна недела ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери.
– Немаме илузија дека таа ќе помине бидејќи таму има 61 послушник на власта кои заради свои лични привилегии ќе го бранат Џафери, но добро е да се види како се препелка СДСМ и помалите коалициски партнери кои се уште не гукнаа за законот за една изборна единица, кажа Мицкоски.