322
Лука Модриќ има уште една причина за славење по освојувањето на Лигата на шампионите. 36-годишниот Хрват потпиша нов договор со Реал Мадрид, тврди Фабрицио Романо.
Според него, пред два месеци бил постигнат устен договор, а договорот е веќе финализиран и официјално ќе биде објавен во наредните денови.
Модриќ е во Реал од 2012 година и сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
Хрватот веќе освои пет трофеи во Лигата на шампионите. По победата во финалето против Ливерпул, тој коментираше за самиот натпревар: „Мислам дека по поништениот гол почнавме повеќе да веруваме, а Ливерпул почна да паничи. Тие веќе не беа сигурни и од тој момент почнавме да играме подобро. Победивме, што е најважно“.