Заменик народен правобранител вели дека треба сериозно да се пристапи кон статусот на бегалците од Украина во Македонија.
-Проблемите се далеку посериозни.Со статусот кои што го имаат моментално кај нас, лицата немаат можност да пристапат до пазарот на трудот, и следствен на тоа, не можат да остваруваат сопствени извори на приходи, а тоа е сериозен проблеми. Исто така децата не можат да бидат примени во училиштата и градинките.Сметам дека државата, пошто веќе поминаа три месеци откако имаме бегалци од Украина во Македонија, треба сериозно да се пристапи по ова прашање, и не само да се оди во посета на Киев и фотографиње, туку треба да се пристапи кон изнаоѓање на конретни решенија за овие проблеми, смета Андоновски.
Официјално бројот на потврди за престој во Македонија е издаден на околу 300 бегалци, неофицијално близу 1000 украинци во земјава и натаму престојуваат на основа на туристички престој.