Ердоган: Денеска ќе разговарам со Путин и Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја објави својата намера телефонски да разговара со рускиот и украинскиот колега Владимир Путин и Владимир Зеленски.

„Се разбира, Русија нема да гледа позитивно на овие работи (пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО). Русија, пред се, е загрижена поради финското прашање. Зошто? Затоа што ова е гранична земја и затоа не го поддржува членството на Финска во НАТО. Всушност, Русија не поддржува влез на ниту една скандинавска земја во НАТО“, изјави Ердоган пред новинарите во неделата по враќањето од посетата на Азербејџан, пренесе ТАСС.

„Сонуваме дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши во мир што е можно поскоро, но се чини дека настаните се развиваат негативно од ден на ден“, рече Ердоган.

Слични содржини