Поранешен министер за финансии на Црна Гора: „Отворен Балкан“ има поддршка од САД

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Поранешниот министер за финансии и социјала на Црна Гора, Милојко Спајиќ во емисијата „Линк“ на Радио Црна Гора изјави дека со сигурност знае оти иницијативата „Отворен Балкан“ има поддршка од Америка.

Спајиќ рече дека пораките од Европа се такви што регионалната иницијатива не го успорува, туку го забрзува патот кон Европската унија (ЕУ).

Тој вели дека со сигурност знае дека Соединетите Американски Држави (САД) апсолутно го поддржуваат „Отворен Балкан“, бидејќи преку ваква иницијатива сакаат да ги надминат националните поделби и конфликти.

Слични содржини