Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски се уште не е сигурен за евентуален трансфер во Барселона, но сака да најде нов тим на лето.
„Зависи од многу фактори и не само колку јас го сакам тоа, туку важно е и што ќе се случи“, изјави Левандовски за Eleven Sport Poland за време на Големата награда на Монако во Формула 1 викендов.
34-годишниот Левандовски по завршувањето на минатата сезона изјави дека нема да го продолжи договорот со Баерн кој е до 2023 година, па дури може да си замине летово по осум години минати во клубот. Се вели дека Барселона е главниот кандидат за најдобар голгетер во Бундеслигата, додека Баерн прави се за да го задржи Полјакот на „Алијанц Арена“.
Левандовски вчера за ТВ Скај додаде дека „наскоро“ ќе може да каже повеќе за својата иднина.