Викендов се возеа третата и четвртата трка од Бугарскиот национален шампионат на патеката во Плевен, каде што учество зема и македонскиот шампион Христијан Бузалковски и притоа оствари одличен резултат со две први места.
„Имавме одличен тркачки викенд, настапуваме на оваа патека по пауза од година и пол и морам да признаам дека возевме со голема претпазливост бидејќи на таа патека имам најмногу падови. Уште од првиот тренинг успеавме да најдеме идеален сетап и продолживме да работиме на подобрување на моторциклот. Имавме пол позиција и остваривме две победи со најбрз круг. Искрено сум задоволен и се надевам дека со ова темпо ќе продолжиме и на следните трки”- изјави Бузалковски.
Следниот предизвик за нашиот најтрофеен натпреварувач Бузалковски за БМУ Европскиот шампионат, е на 17ти јуни, во Грција.