Новиот „Топ Ган“ во првиот викенд во американските кина заработи 134 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Новиот филм на Том Круз „Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во рекордни 4.732 кина во Северна Америка, а упатените веруваат дека акционата авантура на Paramount и Skydance до понеделник може да заработи 151 милион долари, иако очекувањата беа многу поскромни.

Variety пишува дека ова е резултат на одличните критики, големата носталгија и враќањето на Круз во пилотската кабина на авионот со кој изведува бројни акробации како пилотот Пит „Маверик“ Мичел.

„Top Gun: Maverick“ е дебито со најголема заработка во кариерата на Круз и негов прв филм, кој веќе во првиот викенд од прикажувањето ја надмина заработката од 100 милиони долари.

Слични содржини