Том Круз ги изненади сите со интересна порака до кралот Чарлс Трети (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На концертот кој следеше ден по крунисувањето на кралот Чарлс настапија бројни ѕвезди, а на програмата беше обраќање на голем број актерски легенди кои му пренесоа честитки и интригантни, хумористични пораки на кралот. Меѓу нив се истакна актерот Том Круз, кој испрати интересна покана до британскиот крал.

Сè започна кога на екранот се појави поранешниот „Џејмс Бонд“, Пирс Броснан, кој истакна дека кралот Чарлс е најдолготрајниот принц од Велс, кој на оваа позиција служеше цели 64 години, а потоа додаде:

„Во овој период, кралот развил и голем број акциони вештини. На 22-годишна возраст, Неговото Височество доби лиценциран РАФ пилот. Покрај тоа, тој е поморски авијатичар и обучен командоски пилот на воен хеликоптер.’

Потоа дојде обраќањето на актерот Том Круз, познат по улогите во серијалот акциони филмови „Топ Ган“, кој ги воодушеви сите присутни велејќи му на кралот: „Ви се обраќам како еден на друг пилот: Ваше височество, можете да ми бидете помошник (wingman) во секое време“, рече тој од авионот.

Ова не е првпат познатиот холивудски актер да присуствува на церемонија во рамките на кралското семејство. Имено, во 1997 година бил поканет со тогашната сопруга Никол Кидман на погребот на трагично починатата принцеза Дијана.

Минатата година тој возврати со тоа што ги покани Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на лондонската премиера на „Топ Ган: Маверик“. Настанот беше обележан со неговото прекршување на кралскиот протокол додека ја придружуваше Кејт рака под рака нагоре по скалите во салата.

Слични содржини