Де Јонг го одби Јунајтед поради Лигата на шампионите

од Nikola Popovski
237 прегледи

Фудбалерот на Барселона и холандски репрезентативец Френки де Јонг не сака да се пресели во Манчестер Јунајтед, бидејќи клубот од „Олд Трафорд“ следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми.

Британски „Експрес“ наведува дека челниците на Барселона и Манчестер Јунајтед се договориле за висината на обештетувањето за трансферот на Де Јонг, но холандскиот фудбалер не сака да ја продолжи кариерата во англискиот клуб, иако е во постојан контакт со новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг.

Де Јонг (25) соработуваше со Тен Хејг во Ајакс, а во 2019 година се пресели во Барселона. За каталонскиот клуб одигра 140 натпревари и постигна 13 гола, но за тимот од „Ноу Камп“ не ги пружи игрите што се очекуваа од него.

Тен Хаг по секоја цена го сака Де Јонг, бидејќи Немања Матиќ и Пол Погба ќе си заминат од Манчестер Јунајтед.

Сепак, холандскиот репрезентативец упорно одбива да ја напушти Барселона, бидејќи не сака да игра во клуб кој нема да игра во Лигата на шампионите.

Де Јонг смета дека Барселона следната сезона ќе се бори за трофеи во сите натпреварувања, а од друга страна на каталонскиот клуб му требаат пари и по секоја цена сака да го продаде холандскиот фудбалер.

Слични содржини