СДСМ: Мора да има одговорност од Трајановски за паднатиот ѕид

од Nikola Popovski
221 прегледи

Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода денеска побара одговорност за потпорниот ѕид што вчера се урна вчера во населба Пинтија.

-Неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ потрошија над 600 милиони за споменици, барок и палми, тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде очигледно побитни биле провизиите отколку квалитетот. Показател за тоа е и овој потпорен ѕид кој вчера се урна и чиста среќа е што при тоа нема човечки жртви. За овој катастрофален пропуст мора да им одговорност и од изведувачот, но и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, изјави советникот од редовите на СДСМ.

Тој додаде дека „градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски исто како и Данела Арсовска освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци, во првите седум месеци од мандат не сработи ништо за граѓаните и општината“.

Слични содржини