Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека прогнозите на берзите за електрична енергија се исклучително лоши.
-Денес мислам дека предвидувањата за цела 2023 година е цената да биде 240 евра за мегават час на берзата Хупекс во Унгарија. Таа цена ние не ја добиваме. Треба да се обезбедни преносен пат, маржи и ситни давачки. Тоа е минимум 280 евра на тргувања правени во мај, кога е релаксирана ситуација. ЕСМ мора да го зголеми производството оваа година, споредено со лани. Нека си се снајдат и мислат и да произведат. ЕСМ мора да обезбеди 100 % од потребите на регулираниот пазар. За да не дојде до увоз, ја кажувам реалната ситуација и какви проблеми ни прават општините и одредени компании. Владата повторно ќе треба да ја помогне работата на ЕСМ доколку има потреба, рече Бислимовски во емисијата „Топ тема“.