Кинез ја прекрши изолацијата, 5.000 негови соседи мораат да бидат ставени во карантин

од Nikola Popovski
202 прегледи

Ковид-пациент од Пекинг, е под кривична истрага откако ја избегнал задолжителната куќна изолација, поради што 5.000 негови соседи морале да бидат ставени во карантин.

Официјалните власти изјавија дека на човек во раните 40-ти години му било наложено да се изолира дома, откако на 23 мај влегол во трговски центар, каде што постоела опасност од инфекција, објави „Гардијан“.

Тие изјавија дека за време на периодот на изолација, тој „излегол многу пати, шетал низ заедницата, ризикувајќи да се прошири епидемијата“, пред неговата сопруга и тој да бидат позитивни пет дена подоцна.

Како одговор, властите наредија 258 луѓе кои живеат во неговата зграда да одат во владиниот карантински центар, а уште 5.000 луѓе кои живеат во неговото соседство сега мора да останат дома.

Без оглед на овој случај, улиците во Пекинг, според Ројтерс, денеска биле попрометни, бидејќи на жителите на двете населени места им било дозволено да се вратат на работа, додека жителите на Шангај се чекор поблиску до укинување на двомесечниот локдаун, почнувајќи од среда, бидејќи бројот на заболени е намален.

Во Пекинг се отворени библиотеките, музеите, кината и спортските сали, со ограничен број луѓе, во области каде што седум дена по ред не се пријавени случаи на ковид.

Слични содржини