Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска вечерва уште еднаш повтори дека градот ќе има бесплатен јавен превоз, но дека тоа ќе биде постепено.
Според неа, „секој оној што ја прочитал нејзината програма, ќе се увери дека бесплатниот јавен превоз ќе се воведува етапно на фази“.
-Опточнавме во фази како што ветивме. Сите знаат дека набавка на нови автобуси не се прави за еден ден, рече Арсовска во гостувањето на Инфомакс.
Според неа, има размислување за стопирање на сообраќајот во строгиот центар на Скопје.
-Сепак она што го разгледуваме е решение кое нема да донесе дополнителни проблеми. Се работи на капитални проекти и кружници во Центар и Кисела Вода. Понатаму во делот на Мавровка исто така треба да се работи на растеретување, по што ќе размислиме за централното градско подрачје, информира Арсовска.