Атлетико одбил понуда на Јувентус за Мората

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Јувентус сепак се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но нивната понуда била одбиена, тврди Тутоспорт.

Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра.

Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудиле 20 милиони, но добиле негативен одговор.

Јуве веќе му плати на Атлетико 20 милиони за трансферот во изминатите две кампањи.

За членот на шпанската репрезентација е заинтересирана и Барселона, иако таму приоритет е Роберт Левандовски.

Слични содржини