Турција: Доколку Финска сака да влезе во НАТО, нека престане да штити терористи

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Турција го повтори своето барање до Финска да престане да ги штити организациите кои Анкара ги смета за терористички, доколку сака да влезе во НАТО.

„Проблемот не е во тоа што Финска не сака да ја разбере Турција. Финска одбива сериозно да ги сфати безбедносните грижи на Турција“, изјави портпаролот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, за најголемиот фински дневен весник „Хелсингин Саномат“.

Турција се противи на барањето на Финска и Шведска да се приклучат на Северноатлантската алијанса, велејќи дека двете земји обезбедуваат засолниште за луѓето поврзани со милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК) и останати кои ги сметаат за терористи.

Анкара е вознемирена и што двете земји го забранија извозот на оружје во Турција во 2019 година, потсетува „Ројтерс“.

„На крајот, финската влада мора да одлучи што е поважно – да влезе во НАТО или да заштити таков вид на организација“, рече Алтун.

Слични содржини