ПСЖ комплетираше трансфер за 40 милиони евра

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Очекувано, Пари Сен Жермен ја активираше откупната клаузула на својот лев бек Нуно Мендеш и тој веќе е во сопственост на клубот со договор до 2026 година.

Минатата сезона 19-годишниот Португалец играше за Французите како позајмен од Спортинг (Лисабон). Сепак, ПСЖ реши да го задржи трајно и ќе плати 40 милиони евра.

Мендеш веднаш се наметна во тимот и забележа 37 натпревари во сите натпреварувања, па дури беше избран за „најдобар млад фудбалер во Лига 1“ за кампањата.

Младиот бек веќе има 13 натпревари за репрезентацијата на Португалија.